Солунска 83-а Битола • 047 222 999
Општина Битола

ЈППЈЛП Битола

За Нас

За Нас

Управен Одбор

  Орган на управување на Јавното претпријатие е Управниот одбор.

,, Управниот одбор на јавното претпријатие основано од Владата на РСМ, градот Скопје, општината во која живеат над 50000 жители, како и управниот одбор на меѓуопштинско јавно претпријатие се состои од седум членови.

Членовите на Управниот одбор ги именува, односно разрешува Основачот Совет на Општина Битола . 

За членови на Управниот одбор се именуваат претставници од редот на афирмирани и познати стручњаци во областа на дејностите кои се предмет на работењето на јавното претпријатието, кои ги исполнуваат условите предвидени во Законот за јавните претпријатија.

Мандатот на членовите на Управниот одбор трае 4 (четири) години. 

Орган за вршење на контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатието е Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење (во понатамошниот текст: Надзорен одбор). 

За вршење контрола на материјално – финансиското работење на јавните претпријатија се формира надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење  составен  од три члена.