Солунска 83-а Битола • 047 222 999
Општина Битола

ЈППЈЛП Битола

Важно❗❗❗

Важно❗❗❗

Минатата година една група на длабоко посветени ентузијасти одлучи да го збогати градот со уште еден настан кој на сите нам ни недостигаше. Во градот со секојдневни културни и забавни настани за прв пат се одржа CAR SHOW и веднаш првенчето стана бисер кој ги надмина границите на Државата!
Навистина бевме почестени со барањето за одржувањето на настанот да се одвива на една од најубавите локации за паркирање пошироко и со задоволство го прифативме.
А довербата беше повеќе кратно возвратена:
🚗дали преку откривањето дека во Битола имаме голем број на автомобилски љубители кои професионално се впуштаат во благородна мисија да го оживеат култот кон автомобилизмот на што повисоко ниво или
🚘преку можноста да уживаме во совршените примероци на автомобили од сите страни на Балканот или
🎯преку беспрекорно професионалната организација или
🎊преку огромната посетеност на настанот која буквало “го оживеа” градот и Широк сокак или
❤️преку гестот со главната награда кој ги надмина сите очекувања и на крајот наместо етаблирање на себеси и најдобрите на сите нам ни ја покажа најголемата награда која можеме да ја замислиме: ХУМАНОСТА❤️
И бидејќи веќе ја надминавме должината на текстот за комотно читање (по наше предолг стана😉) во секој случај Ви благодариме за довербата повторно да бидеме еден мал дел од Вашиот голем настан.
Сите останати не заборавајте го датумот 20.06.26 и локацијата паркинг простор пред спортската сала “Боро Чурлевски” во Битола.
Ден, настан и место кое мора да се посетат.
Со почит
ЈППЈЛП БИТ❤️ЛА
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Новости
Секоја Среда е среќен ден🍀